Predania - Bucuresti

Здружението Преданија, со Проектот Авдела, си поставува како цел да ги идентификува, издаде и понуди научните и уметничите дела на влашкото културно наследство и на оние сродни на него. Овие културни добра посебно оние што се во јавна сопственост, ќе станат лесно достапни на истражувачите и на сите заинтересирани.  
Проектот Авдела е невладин, непрофитабилен, реализиран преку волонтерската работа на лицата (автори и колективен едиторијал) на институциите кои во широк поим се занимаваат со истражувањето, еволуцијата и зачувувањето на влашката култура.
Проектот ќе вклучува и издавачки активности во печатена форма (книги, списанија, брошури), проекти мултимедија (ЦД аудио, ЦД РОМ, филм итн.), ќе иницира и организира состаноци, симпозиуми, летни училишта, културни програми.
Проектот се однесува во главно на Власите со намера да им понуди средства за зачувување на јазикот, за познавање на своето потекло, историската еволуција, социјална и спиритуална итн. Во еднаква мера им се адресира на народите од балканскиот простор, во средината во која што живеат Власите, за темелно познавање на истите, да бидат почитувани и третирани со достоинство од оние со кои соживуваат.  

Принципите следени во склоп на Проектот Авдела се следните:  

• Принцип на коерентностизразен преку:

  • – грижа за зачувување, издавање и ширење на делата кои претставуваат основа на влашката култура и на оние во сродство со неа
  • – употреба на ортографските правила предложени од страна на акад. др. г-ѓа Матилда Караџиу Мариоцеану, пишување кое се впишува во традицијата и еволуцијата на пишувањето на влашки јазик употребен од видни автори.

• Принципот на отвореност,манифестиран преку:

  • – развој на мостовите што ги спојуваат влашката култура со балканските народи, но и со светското културно наследство
  • – понуда на можности за познавање на влашката посебност во склоп на братството со балканските народи.  

• Принципот на слобода на користење,конкретизиран преку:

  • – слобода за издавање за сите соработници на делата од влашкото културно наследство понудени за издавање
  • – бесплатен пристап за сите корисници на Проектот Авдела - Библиотека на влашката култура.

www.proiectavdhela.ro

site realizat de atelierul de grafică